Monday, March 23, 2009

Бесмисленост

Не го гледај
моето лице
удавено во очај,
тоа е само едно
обично платно
каде се исцртува
безживотноста.

Не број ги
моите солзи,
залудно е
да го трошиш
скапоценото време
чекајќи да истечат...

Не, нема крај.

Секоја клетка
ја губи својата вредност
губејќи ја својата смисла
во бесконечноста,
та и мојата фигура
сеедно е дали е тука
или на пат од каде нема назад.

Сакам да заминам.
Не, нема толку голема
сила која ќе ја угаси
оваа желба.
Што е битно каде сум и која сум?
И онака ништо
нема крај ниту знаечење.

Не, нема крај.

Ништо нема смисла.

3 comments:

kralj said...

Здраво, ти ја позајмив сликата од песнава, се надевам нема да се лутиш (=
Поздравче! :) :)

http://kralj.blog.com.mk/

pregratka said...

Hehe ako ako,slobodno posluzhi se :)

kralj1 said...

Јас пак навратив, да те ѕирнам.. Зошто престана да пишуваш? :/